Поранешниот претседател Картер гласаше по пошта за изборите во САД

Your browser doesn’t support HTML5

Поранешниот претседател Картер гласаше по пошта за изборите во САД. Откако стана првиот претседател на САД кој наполнил 100 години, Џими Картер успеал да ја исполни желбата што му ја кажал на семејството. Кејн Фарабау од Гласот на Америка има повеќе.

Продавницата на Карланд не е обична продавница. Тоа е поштата Плејнс…како во Плејнс, Џорџија, родниот град на поранешниот претседател Џими Картер, каде што улиците се преплавени со пораки за тековните избори кои ја поддржуваат демократката Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп.

Демократот Џо Бајден победи во округот Самтер и тесно победи во државата Џорџија во 2020 година.

Анкетите покажуваат тесна трка во Џорџија, и двете кампањи признаваат дека секој глас е важен, вклучително и гласачко ливче по пошта од најпознатиот жител на Плејнс.

Џејсон Картер, внук на Џими Картер, е претседател на одборот на првиот глобален непрофитен центар на претседателот Картер.

Како што се приближува денот на изборите, Џими Картер e на палиативна нега, во неговиот роден град, недалеку од фармата каде што неговата приказна започна пред 100 години.