Иран е на агендата на денешниот состанок меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во Сочи, Русија.
Лавров рече дека очекува искрен разговор со Помпео, вклучувајќи и за тоа како администрацијата на Трамп планира да ги реши тензиите со Иран што, според Лавров, САД сами ги создале.
Денешниот состанок во Сочи доаѓа откако Помпео сподели детали и разузнавачки информации со европските сојузници за заканите од Иран, обвинувајќи го Техеран дека се одлучил на закани место на разговори за ова прашање.
Шефицата на дипломатијата на Европската Унија Федерика Могерини, изјави дека министрите му ја кажале на Помпео нивната загриженост за сочувување на мирот и за имплементацијата на Иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.
Средбите на Помпео се случуваат на неколку недели пред Самитот Г-20 во Осака, Јапонија, каде се очекува да учествуваат претседателот Доналд Трамп и неговиот руски колега Путин.