Државниот секретар на САД Мајк Помпео, денес пристигна во Пакистан на состанок на највисоко ниво со лидерите на новоизбраната Влада во Исламабад.
Состанокот треба да ги зајакне билатералните односи, кои се влошија минатата година.
Помпео рече дека неговата мисија во Пакистан е двете држави „да најдат заеднички пат кој води напред“ и да го разбијат ќор-сокакот во комплицираниот однос меѓу Исламабад и Вашингтон.
Американската делегација ќе одржи формални разговори со министерот за надворешни работи Шах Мехмуд Кјуреши и неговиот тим.
Официјални претставници, за Гласот на Америка, велат дека ќе треба да одржат одделни состаноци со премиерот Имран Кан, кој даде заклетва пред речиси три недели, како и со началникот на пакистанската Армија.
Долготрајните спротивставени гледишта во борбата против регионалниот тероризам, и за ставање крај на 17-годишниот смртоносен конфликт во Авганистан, можат да ги засенат позитивните очекувања од посетата.
„Пакистан ни` е потребен да дојдеме до посакуваното помирување кое ни` треба во Авганистан“, рече Помпео.