Помпео на разговори на Блискиот исток за регионална безбедност

Американскиот државен секретар планира да ги истакне стратешките планови за регионот, вклучувајќи ги и енергетските прашања

Државниот секретар на САД Мајк Помпео е на Блискиот исток, на разговори за регионална безбедност во Кувајт, Израел и Либан, како што Вашингтон подготвува нова поддршка против иранската агресија.

Помпео денес пристигна во Кувајт, каде рече дека планира да разговара за американските стратешки планови во регионот, вклучувајќи ги и енергетските прашања.

Оттука, Помпео ќе патува во Израел да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, чија Влада се соочува со тежок изборен процес на 9 април, поради истрагата против Нетанјаху за корупција и поткуп.

Помпео истакна дека ќе помине доста време во разговори со Либанската влада за тоа како да и` се помогне да се ослободи од заканата од Иран и Хезболах.

САД гледаат на Хезболах како на милитантна исламистичка политичка група, проиранска „терористичка“ организација.