Американскиот државен секретар рече дека Вашингтон нема да се противи на новиот систем за заштита на компаниите од американските санкции ако соработуваат со Иран
ВАШИНГТОН —
Државниот секретар на САД Мајк Помпео денес се среќава со германската канцеларка Ангела Меркел, што претставува прва негова посета на Германија на оваа функција.
Помпео претходно рече дека Вашингтон нема да застане на патот на ИНСТЕКС, систем што Европејците го развиваат да ги заштитат компаниите од американските санкции ако соработуваат со Иран.
Системот се очекува да профункционира ова лето.
Посетата на Помпео на Берлин е надоместување на откажаната посета на почетокот на месецот, кога непланирано отпатува во Ирак.
Тој се очекува да ги посети и Швајцарија и Холандија, пред да му се приклучи на претседателот Донал Трамп во Британија за време на неговата официјална посета.