Помирна атмосфера, но сатирата не го одмина Вевчанскиот карневал

Дел од настаните поради трагичниот настан во кој загина 19-годишно момче беа откажани, но сепак се одржа поворката со карневалски маски

Бројни маски и годинава беа дел од надалеку познатиот Вевчански карневал, кој помина под сенката на трагичната несреќа во која загина 19-годишен вевчанец.

Дел од настаните беа откажани, но сепак се одржа поворката со карневалски маски. Жителите на Вевчани и овој пат на сатиричен и помалку ироничен начин ги исмеаја општествените и политички настани, кои ја одбележаа минатата година.

Your browser doesn’t support HTML5

Бројни маски, сатира и помирна атмосфера на Вевчанскиот карневал

Контролата на летање, Државна лотарија, животот во Македонија, Летаме за Европа, пензионерите кои побараа линеарно намалување на пензиите за 6.000 денари, наместо новно зголемување. Овде беа и традиционалните маски, зетот и невестата, Глупавиот август, музичарите и ѓаволите.

Се претпоставува дека Вевчанкиот карневал е стар 15 века, а вевчанци, никогаш не ја напуштиле оваа нивна вековна традиција на маскирање, која се случува за време на православниот празник Свети Василиј, односно Стара Нова година. Завршува на 14-ти јануари со палење на маските сред село.