Помалите партии бараат суштински, а не козметички измени на изборниот законик
Your browser doesn’t support HTML5
„Суштински, а не само козметички измени на изборниот законик“ – бараат помалите политички партии. Нивниот повик следи по минатонеделното формирање на работната група за промени на изборната легислатива, тело создадено, пред се, за решавање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР од последните изборни циклуси.