Политички хаос - Собранието се уште работи, но со „тргни, застани“

Your browser doesn’t support HTML5

Политички хаос - Собранието се уште работи, но со „тргни, застани“

Собранието продолжува да функционира „тргни-застани“, повеќе паузи, отколку ефективна работа, а до распуштање на парламентот закажано за в недела, мнозинството „турка“ да се донесат неколку клучни закони, како и да се расправа за барањето за разрешување на министерката Мизрахи.

Социјалдемократите го обвинуваат спикерот Џафери, кој е од редовите на ДУИ, дека тактизира и ги одолговлекува седниците.

Да престанат игрите во парламентот, станува збор за сериона аргументација што треба да им ја дадеме на Франција, Холандија. Трошењето на времето кое е избројано до полноќ на 16 февруари, кога е рокот за распуштање на парламентот, не смее да дозволиме со игри да се попречи усвојувањето на законите
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

ДУИ уверува дека сите нејзини пратеници ќе гласаат за овие закони.

„Нема никаков проблем со СДСМ, договорени сме, заедно пристапивме кон оваа коалиција. Нема разлики, кочењето вчера беше поради некоординираност меѓу пратеничките групи. ДУИ го поддржува законот за јавно обвинителство“ рече Артан Груби, ДУИ.

„Тоа што ми е соопштено од ДУИ е дека и тие настојуваат да се донесе ова законско решение, што значи нема расипување на односите со ДУИ ако е така како што тие велат – усвојување на овие закони пред распуштањето на парламентот“ вели Јован Митровски, координатор на пратеничка група на СДСМ.

За усвојување на законот за обвинителство потребни се најмалку 80 гласови – клучни се оние на независните пратеници, што пак доведе до кавга меѓу поранешните сопартијци.

„Некои луѓе на кои Крсто Мукоски им ја отвори вратата за НАТо се уште се во затвор и нивните деца и семејства немаат татковци“ рече Антонијо Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Жалам што такви како тебе не одговараат“ рече Крсто Мукоски, независен пратеник.

Освен законот за јавно обвинителство, треба да се усвојат и законот за одбрана, измените на изборниот законик. А времето до недела е кусо.