Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го напушти затворот во округот Фултон во Атланта. Тој таму се задржа 20 минути – беше фотографиран по обвинението за рекетирање и заговор поврзан со неговите наводни напори да ја поништи изборната загуба во 2020 година во Џорџија.
Трамп и за ова дело е слободен до почетокот на судскиот процес, и плати кауција од 200 000 долари. Неговиот адвокатски тим, претходно, ова го договори со обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис.
Трамп четврти пат во пет месеци се соочува со ова.
Пред да се качи на својот авион на аеродромот во Атланта, тој во куса изјава за новинарите даде коментар.
„Тоа што се случи овде е пародија на правдата. Јас не направив ништо лошо, и сите го знаат тоа“, рече Трамп. „Тоа што тие го прават е мешање во изборите“, додаде тој.
Сепак, тој одби да одговори на новинарските прашања.
Ниту еден поранешен претседател на САД не е обвинет за кривични дела. Трамп сега се соочува со 91 обвинение во четирите обвиненија за неговите наводни дејствија пред, за време и по завршувањето на неговиот единствениот претседателски мандат на почетокот на 2021 година.
Тој се соочува со 13 обвиненија во Џорџија, каде Вилис во четвртокот побара датум за почеток на неговото судење и на 18-те други обвинети на 23 октомври. Но, Трамп и другите би можеле да се спротивстават на судењето кое започнува за два месеци. Судијата на Врховниот суд на округот Фултон, Скот Мекафи, на крајот ќе го избере датумот.
Дури и со низата обвиненија со кои се соочува, Трамп е главен фаворит кај републиканците за да биде номиниран за кандидат од партијата за претседателските избори во 2024 година – против, најверојатно, демократскиот кандидат, претседателот Џо Бајден.
Без разлика на тоа кога би можело да започне судењето во Атланта, Трамп се соочува со неколкунеделни криминални судења на кои би требало да се појави во првата половина на 2024 година.
77-годишниот Трамп, доколку биде осуден во некој од случаите, може да се добие неколку години затвор.