Сончево и свежо, овој ден како да е создаден за плогирање...и тројца пријатели го прават токму тоа - трчаат и собираат ѓубре.
Сепак, постојат правила, ако плогирате во група, вели тренерот Џеф Хоровиц:
„Не можеш одеднаш да се наведнеш пред некого, затоа што сите кои се после тебе ќе се удрат и паднат. Сакате да бидете сигурни дека покривате поинаква територија.“
Тренерот Џеф Хоровиц вели дека е интересно да се открие дека она што тој го прави веќе подолго време станало фитнес тренд и плогирањето е се` популарно во светот.
За плогирање, се потребни и подготовки вели Хоровиц:
„Обично започнуваме со кревање тегови, склекови и некои вежби за рамнотежа. Важно е да се има и ракавици. Сакате да бидете безбедни. Иако имате добри намери, никогаш не знаете што ќе најдете. Може да биде искршено стакло, медицински отпад.“
Охрабрувањето повеќе лица да плогираат помага за подигање на свеста за проблемот со ѓубрето во Вашингтон.
Плогирањето помага во остварување на градските иницијативи за фитнес.