Два објекти биле забележани на сателитска снимка, но властите велат дека е преурането да се изведуваат заклучоци за нивната природа
Австралија вели дека лоцирала можни остатоци од исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс во јужниот Индиски Океан.
Премиерот Тони Абот му кажа на парламентот во четврток дека два објекти биле забележани на сателитска снимка. Тој кажа дека извидничкиот авион Орион и три други авиони се упатени на таа локација.
Абот предупреди да не се прават претпоставки за природата на предметите велејќи дека ќе биде „екстремно тешко“ тие да се лоцираат. Официјални лица планираат да одржат конференција за новинарите во Канбера подоцна во четврток за дискусија по откритијата.
Австралија помагаше да се координира јужната секција на потрагата по авионот што исчезна на 8-ми март со 239 луѓе на него. Најмалку 26 држави беа во потрага по авионот низ површина што покрива повеќе од седум милиони квадратни километри.
Истражителите веруваат дека авионот бил намерно пренасочен и одбиваат да исклучат секоја можност.
Американскиот претседател Барак Обама во средата кажа дека потрагата по авионот е „главен приоритет“ за САД. За американска телевизиска станица тој кажа дека ги ставил сите расположиви ресурси во тој напор.