Еден од најсилните тајфуни воопшто забележани ги зафати централни Филипини, каде предизвика лизгање на земјиштето, уништи згради и уби најмалку три лица.
Многу делови на архипелагот на државата во петок се отсечени од дотек на електрична енергија и комуникации, заради тајфунот Хајан кој истури дожд на островите Лејте и Самар.
Невремето, што на Филипините е познато под името Јоланда, е со јачина на ветрот од 350 километри на час на островите. Некои метеоролози велат дека ова го прави најсилниот воопшто забележан тајфун што таму се случил.
Официјални лица велат дека три лица се потврдени мртви и седум повредени, иако се очекува бројот на жртви да расте. Над 700.000 луѓе во 29 провинции се евакуирани.
Сони Колома, портпарол на претседателот, вели дека владата интензивно работи за дистрибуирање на помошта за да се спречи масовна катастрофа во најлошо погодените области.