Пред 16 години, беше нападнат американскиот Оддел за одбрана. Авионот на „Американ ерлајнс 77“, беше киднапиран и се урна во Пентагон, при што загинаа сите патници и членови на екипажот и 125 лица кои во тој момент биле во зградата.
Денес, во чест на жртвите, на местото на настанот е издигнат Национален меморијален центар „Пентагон“ – 11-ти септември.
По неколкугодишно собирање финансиски средства, дизајнирање и градење, споменикот беше посветен и отворен за јавноста на 11-ти септември, 2008-та година. И покрај тоа што е во непосредна близина на централата на американската армија, тој е достапен за јавноста 24 часа на ден, во текот на целата година. Затворен е само доколку има голема временска непогода.
Меморијалниот центар е дизајниран како временска рамка, со 11-ти септември 2001-ва, како почетна точка. Клупите се наредени и организирани по родендените на загинатите. Пет клупи близу почетната линија се во чест на петте деца загинати во „Летот 77“. Потоа, следат клупи со имињата на возрасните кои го загубиле животот во терористичкиот напад на овој ден, од 20, до 71-годишна возраст.