На млад воен ветеран, кој ги изгубил гениталиите во експлозија во Авганистан, му беше извршена досега временски, најдолга операција за трансплантација на пенис.
Хирурзите на Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор, сојузната држава Мериленд, рекоа дека пациентот се опоравува добро по интервенцијата којашто траела 14 часа.
„Она што ја прави оваа трансплантација уникатна, е тоа што беше опфатен дел од неговиот абдоминален ѕид, целиот негов пенис и целиот негов скротум“, изјави д-р Ричард Редет од Одделот за пластична и реконструктивна хирургија на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Лекарите очекуваат пациентот да биде отпуштен од болница, уште неделава.
Пациентот, кој побара да остане анонимен, се очекува да закрепне и после операцијата да има нормална уринарна но, и сексуална активност.
Досега биле извршени три успешни трансплантации на пенис, две во Јужна Африка и една во 2016-та во Општата болница во сојузната држава Масачусетс.