Пендаровски: Без преговори со ЕУ се отвора простор за влијанија од трет фактор

Ако нема преговори со ЕУ, тоа отвара простор за т.н. злонамерни влијанија од третиот фактор, бидејќи земјата која се наоѓа во таква ситуација не е дел од заедничкото споделување на информации и не е дел од механизмите за справување со кризи, порача претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, од претседателскиот панел, во рамките на вториот ден од Преспа форумот за дијалог.

„Според мене војната во Украина беше предизвикана од неговата желба да го врати поранешниот Сојуз, бидејќи ова е војна за територија. Главното размислување во неговиот ум не беше страв, бидејќи Русија има демократија во соседство. За војната во Украина, ако тоа е поттик за влез во геополитичко размислување и поттик да се навратиме на регионот и да се стави повеќе тензија кон процесот на проширување во овој регион, тогаш природно следи прашањето што ќе се случи кога ќе заврши војната во Украина, дали ќе се вратиме на стариот начин на размислување и функционирање што значи помалку внимание кон регионот на Западен Балкан, не само во процесот на проширување. Не би сакал војната да биде поттик за нешто позитивно што се случува. Потврдено е за време на преговорите за ЕУ дека членство и демократијата напредува и се унапредува. Без надзорот ЕУ уназадувањето е очигледно. Откако толку долго време бевме во чекалната на ЕУ, луѓето бараат алтернатива. И тоа се преведува во остриот пад за поддршка кон ЕУ. Ние забележавме најостар пад во поддршката, точно 20 поени во изминатите 20 месеци. И ако нема преговори тоа отвара простор за т.н. злонамерни влијанија од третиот фактор, бидејќи земјата која се наоѓа во таква ситуација не е дел од заедничкото споделување на информации и не е дел од механизмите за справување со кризи“, истакна претседателот Стево Пендаровски.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во видео обраќање, порача дека руската брутална инвазија врз Украина го уништи мирот во Европа и темелно ја промен нашата споделена безбедност. Според него кога и да заврши војната односите со Русија драматично се променија, а безбедносниот пејзаж во Европа, никогаш нема да биде ист.

„Северна Македонија е валиден сојузник. Таа придонесува во нашата миротворна мисија во Косово, улога која е витална за безбедноста на Западен Балкан, особено во време на зголемени тензии. Изминатите неколку дена ја зајакнавме нашата мисија на КФОР со стотици трупи, како дел од заложбата на НАТО кон регионот. Како што можеме да видиме во Украина, руската брутална инвазија врз Украина го уништи мирот во Европа и темелно ја промени нашата споделена безбедност. Кога и да заврши војната односите со Русија драматично се променија, а безбедносниот пејзаж во Европа, никогаш нема да биде ист. Претседателот Путин сака една поразлична Европа, која ја губи слободата и демократијата. Гледаме како Кина и Русија се приближуваат меѓусебно. Кина не е нашиот непријател, но ја предизвикува нашата безбедност, нашите интереси и вредност. Како авторитарните режими ја зголемуваат својата соработка, уште поважно станува сите оние кои веруваат во слободата демократијата, да застанат рамо до рамо и да го промовираат мирот“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Хрватскиот претседател, Зоран Миловановиќ, порача дека одолговлекувањето на пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ е еден понижувачки долг процес.

„Западно балканските земји се тие кои останаа неапсорвирани и треба да бидат апсорбирани во ЕУ. Ова премногу се одложи и ова е еден понижувачки долг процес и процес никој кој е разумен, кој има добри намери, не може да обезбеди добро објаснување за него. Ние сме заштитници на демократијата, па како тогаш, оваа земја постигна таков лош успех не ги исполнува критериумите за ЕУ толку долго време. Можеби ќе кажете и Албанија не успеа. Но знаете дека е тоа еден грозоморен, тежок и непредвидлив процес, кои им го наметнавме, а не самата таа. Треба да размислиме и да застанеме малку за нивото на демократија која лежи во ЕУ. ЕУ страда од отчетност, страда од хроничен недостаток на одговорност“, истакна хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај рече дека Косово и Србија мора да се договорат и оти никој денес не може да го доведе под прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Косово и оти Косово е политичка реалност која е неповратна.

„Јавниот договор постигнат во Охрид, помеѓу Косово и Србија беше зрак на надеж и оптимизам, но бргу произлезе дека се претвори во разочарување. Овде не навлегувам во детали, бидејќи нашите американски и европски пријатели прават напори страните да се договорат да постигнат компромис за нормализација на односите и меѓусебно признавање. Но никој денес не може да го доведе под прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Косово и Косово е една политичка реалност која е неповратна. Но мислам дека е време лидерите на овие земји, да преземат одговорност како тие од Северна Македонија и Грција пред пет години, да го туркаат напред процесот на помирување, нормализација на односите и меѓусебното признавање. Сме направиле многу иницијативи регионални во функција на оваа цел, но по се изгледа се уште сме далеку од тоа што посакуваме, безбеден и развиен регион“, вели албанскиот претседател Бајрам Бегај.

Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ рече дека позитивното нешто кое произлезе од руската агресија врз Украина е што процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ, почна да се набљудува на политички начин, наместо само технички како досега.

„Можеби едно позитивно нешто од украинската трагедија што следеше по она што денес е познато како руска агресија на украинска територија е повикот во Брисел. Тоа е повик за будење во склоп на институциите на ЕУ, кои почнаа да го набљудуваат процесот на пристапување на пополитички начин наместо само технички да го согледуваат, како што беше случај во изминатите години. Ова е причината зошто Косово доби визна либерализација, зошто Босна доби статус на кандидат, Албанија и Северна Македонија почнаа со преговори. И вака треба да се случуваат нештата од сега па натаму. Мислам дека успешното завршување на процесот во кој Западен Балкан ќе стане полноправен член на ЕУ, не може да се заврши без исполнување на двете страни од процесот. Првата е техничка, а втората е политичка“, изјави Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора.