Потпретседателот на САД денес во Аризона рече дека американските граѓани имаат право да ги слушнат фактите
ВАШИНГТОН —
Потпретседателот на САД Мајк Пенс го одбрани повикот на претседателот Доналд Трамп до Украина да отвори истрага за поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.
„Американските граѓани имаат право да знаат дали или не потпретседателот на САД и неговата фамилија профитирале од неговата позиција“, рече Пенс денес пред новинарите во Аризона.