Прислушкувањето во САД да продолжи, бараат републиканците

Прислушкувањето во САД да продолжи, бараат републиканците

Американскиот Претставнички дом изгласа продолжување на важењето на три провизии на анти-терористичкиот закон познат како „Патриотски акт“

Претставничкиот дом, што е под контрола на републиканците, го усвои предлог-законот со просто мнозинство од 275 спрема 144. Легислативата сега оди на разгледување во демократскиот Сенат.

Одредбите чие важење истекува и кои се обновуваат би им дозволиле на властите да изведуваат електронско прислушкување, да имаат пристап до бизнис информации и да следат осомничени странски државјани кои би можеле да прават заговор за напади.