Назад дома во Либерија, фудбалот беше единственото нешто што ги собра сите заедно, почнува да раскажува либерискиот бегалец Фанбуле Гајекала Зарзар.
„Тоа беше до мај, 1990 година. Во тој момент, бунтовниците сè уште не пристигнале во Монровија. Тие беа во предградието на Монровија. Имавме среќа што бевме едно од ретките семејства што можеше да си дозволи да избега во тој момент. Така, отидовме во Сиера Леоне. Стигнавме во Фритаун и живееме во хотел“, вели Зарзар.
„Во првите три месеци живевеме сличен живот како во Либерија, каде имавме собарка во хотел со нас, имавме храна и се се чинеше дека е во ред. Мислевмњ дека кога бунтовниците ќе стигнат во Монровија, сè ќе стивне и наскоро, ќе се вратиме дома, бидејќи тоа беше нашата прва граѓанска војна и не го разбравме баш влијанието или големината на граѓанската војна“, вели Зарзар.
„Моето семејство остана без пари и моравме да се преселиме. Во тој момент имав 11 години, па моравме сами да се грижиме. Така, една работа што ја направи мајка ми беше да продаваме на улиците на Сиера Леоне“, додава Зарзар и продолжува да раскажува:
„Како и со секое човечко суштество, вашето прво размислување е, треба да земам нешто да јадам. Како да добијам нешто за јадење? Во овој момент, морам се да продадам за да добијам нешто за јадење. Значи, не мислете дека пред само неколку месеци бев, имав сè и можев да си дозволам сè. Во овој момент мислиш дека морам да служам за да јадам. Значи, вие во суштина го игнорирате минатото и продолжувате да се движите напред, бидејќи во тој момент само се ставате во режим на преживување“.