Вообичаено за време на Рамазан, палестинските муслимани слават со празнични заеднички оброци ноќе, но преку денот постат. Но, има малку чувство за славење за овогодинешниот празник, по војната меѓу Израел и Хамас во Газа.
Повеќе од 30.000 Палестинци се убиени од израелската армија во Газа, според палестинското Министерство за здравство.
Your browser doesn’t support HTML5
„Овде и насекаде низ светот владее општ немир за тоа што се случува за време на војната во Газа. Видовте како се одржуваат демонстрации низ целиот свет со барање за прекин на огнот. Видовме како еден млад човек во Америка се запали протестирајќи што се случува во Појасот Газа. Она што се надеваме е дека ќе се воспостави прекин на огнот, особено пред Рамазан“, вели Шеик Мохамед Хусеин, Големиот муфтија на Ерусалим и Палестина.
Џамијата Ал Акса во Ерусалим се смета за трето најсвето место во исламот, по Мека и Медина. Стотици илјади Палестинци се молат во џамијата за Рамазан. Шеикот Хусеин вели дека молитвата во Ал Акса е важна за сите муслимани.
Луѓето се молат во џамијата Акса бидејќи молитвите таму се сметаат за поголеми од сите други молитви. Во Божјите очи ве гледаат како исклучително побожниШеик Мохамед Хусеин, Големиот муфтија на Ерусалим и Палестина
„Џамијата Акса е поврзана со исламското верување. Луѓето се молат во џамијата Акса бидејќи молитвите таму се сметаат за поголеми од сите други молитви. Во Божјите очи ве гледаат како исклучително побожни, а наградите се сметаат за многу повеќе од кое било друго место“, додава шеикот.
Комплексот Ал Акса е свет и за Евреите, кои го знаат како планината на храмот и местото каде што биле изградени и подоцна уништени првите два еврејски храма. Се наоѓа веднаш над Западниот ѕид, најсветото место на јудаизмот.
Ал-Акса честопати беше место на насилни судири меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили како и палестинските напади против еврејските верници кај Западниот ѕид. Всушност, Хамас го нарече нападот на 7 октомври против Израел - „Поплава во Ал Акса“.
Израелскиот тврдокорен министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир повика на ограничување на бројот на Палестинците на кои им е дозволен влез во Ал Акса за време на Рамазан. Но, ограничувањето беше отфрлено од шефовите на израелските безбедносни сили кои велат дека таквите ограничувања ќе предизвикаат насилство.
Согласни се и палестинските аналитичари.
„Во 2021 година видовме како ограничувањата и како пречките поставени на верниците од страна на Израелците доведоа до судири. Ако Нетанјаху продолжи со својата политика на следење на политиката на Бен Гвир, ќе го видиме истиот процес“, смета Расем Обеидат од весникот „Ал Кудс“.
Во близина на Ал Акса, луѓето велат дека со нетрпение го очекуваат Рамазан и покрај безбедносните грижи.
„Не сакаме никакви проблеми... да умре некој... да биде повреден некој... Само сакаме да има мир за Рамазан“, вели Надија Натче, палестинска жителка.
„Се молам во Ал Акса од две причини. Прво за Бога. Секоја молитва во Ал Акса е наградена со 500 молитви во очите на Бога. Второ – нашето присуство во Ал Акса е многу важно. Ако не одам јас, а другите не одат, тогаш ќе ја оставиме Ал Акса празна, а тие ќе дојдат и ќе ја земат“, додава Саед Един Ал-Казаз, палестински жител.
Израел не дозволува младите муслимански мажи да се молат во Ал Акса дури и за време на Рамазан, наведувајќи ја загриженоста дека истите ќе се судрат со израелската полиција. Полицијата, исто така, вели дека најверојатно ќе го ограничи бројот на сите Палестинци од Западниот Брег во Ерусалим во овој напнат период.