Украина останува приоритет: Османи ја претстави програмата за македонското претседавање со ОБСЕ

  • VOA

Северна Македонија е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста, имајќи предвид дека за нашата земја претставува привилегија да претседава со оваа Организација, рече Османи на почетокот од водењето на ОБСЕ

„Под слоганот ‘За луѓето се работи’ претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година ќе биде фокусирано на луѓето, „кои ќе бидат силата што ќе нè води во годината што претстои“, најави пред присутните Османи

Случувањата во Украина, како и другите долготрајни конфликти ќе бидат главни на агендата за време на македонското претседавање со ОБСЕ во 2023 година. Тоа го најави министерот за надворешни работи, а воедно од 1 јануари годинава и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, на денешната прва прес-конференција откако пред Постојаниот совет на ОБСЕ ја презентира програмата на претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација.

„Под слоганот ‘За луѓето се работи’ претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година ќе биде фокусирано на луѓето, „кои ќе бидат силата што ќе нè води во годината што претстои“, најави пред присутните Османи.

Претседавачот истакна и дека руската воена агресија врз Украина е поттик за засилување на напорите на ОБСЕ.

Руската воена агресија врз Украина, која ги урива самите основи и заложби на Организацијата, го зајакнува ова единство. Денес, се чини дека нашите вредности се поважни од кога било

„Најголемиот предизвик во имплементацијата на нашата агенда ќе биде во контекст на тешките околности, но единството околу принципите и заложбите на ОБСЕ се изворот на надеж и охрабрување. Руската воена агресија врз Украина, која ги урива самите основи и заложби на Организацијата, го зајакнува ова единство. Денес, се чини дека нашите вредности се поважни од кога било. Актуелните предизвици не се причина за дефетизам, туку поттик за засилување на нашите напори и ангажман“, истакна Османи.

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи најави дека Северна Македонија е подготвена за предизвикот што ја очекува во 2023 година, како земја што е на чело на организацијата.

„Северна Македонија е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста, имајќи предвид дека за нашата земја претставува привилегија да претседава со оваа Организација. На овој пат, нашите успеси и неуспеси ќе бидат и ваши. Тешките времиња во кои живееме бараат мудрост, одговорност за нашите постапки и посветеност на начелата од Хелсиншкиот завршен документ. Тие се нашиот светилник на надежта, но и сигнален оган дека за овие начела не се преговара. Тие ќе бидат нашиот Кодекс на вредности и однесување“, рече Османи.

Во продолжение, пренос од првата прес-конференција на министерот Османи во Виена, како претседавач со ОБСЕ: