Американската филмска академија ги објави номинациите за годинешното 91. доделување на престижните „Оскари“. Филмовите „Рома“ на режисерот Алфонсо Куарон и „Омилената“ на Јоргос Лантимос се фаворити со по десет номинации.
Со церемонија што беше пренесувана во живо од театарот „Семјуел Голдвин“ во Лос Анџелес, актерите Кумаил Нанџиани и Трејси Елис Рос ги објавија номинациите.
Во категоријата за најдобар филм номинарни се „Црниот пантер“, „Боемска рапсодија“, „Омилената“, „Зелената книга“, „Рома“, „Звездата е родена“, „Вајс“ и „Црниот припадник на Кју-клукс кланот“ (BlacKkKlansman).
Во трката за најдобар режисер се номинирани Алфонсо Куарон, за режијата на филмот „Рома“, Бредли Купер („Ѕвездата е родена “), Спајк Ли („BlacKkKlansman“), Јоргос Лантимос („Омилената“), Адам Мекеј („Вајс“) и Павел Павликовски („Студена војна“).
За најдобри главни машки улоги се номинирани Кристијан Бејл („Вајс“), Рами Малек („Боемска рапсодија“), Бредли Купер („Ѕвездата е родена“), Виго Мортенсен („Зелената книга“) и Вилијам Дефо („На портата на вечноста“).
Кај актерките, пак, за најдобра главна женска роља номинирани се Леjди Гага, за улогата во филмот „Ѕвездата е родена“, Јалица Апарисио („Рома“), Глен Клоуз („Сопругата“), Оливиja Колман („Омилената“) и Мелиса Макарти („Дали некогаш можеш да ми простиш?“).
Доделувањето на „Оскарите“ ќе се одржи на 24 февруари во Лос Анџелес и годинава веројатно ќе нема домаќин. Актерот и комичар Кевин Харт се повлече од таа улога поради критиките упатени кон него заради негови хомофобични објави на Твитер.