Православните верници го слават Божиќ

Традиционални миси се одржаа од Витлеем до Москва и Киев

Православните христијани ги започнаа божиќните прослави со миси во Витлеем, Каиро, Москва, Киев и други источно-христијански заедници што го слават библиското раѓање на Исус.

Во Витлеем, претседателот на палестинската управа Махмуд Абас присуствување на полноќната миса во Црквата на христовото раѓање во Црквата на христовото раќање на проштадот Мангер, предводена од патријархот од Ерусалим Теофилус.

Во Москва верниците предводени од рускиот претседател Владимир Путин присуствуваа на традиционлната миса во катедралата на Исус спасителот, и покрај мошне ниските температури од минус 25 степени целзиусови.

Патријархот Филарет, кој е на чело на Украинската православна црква, се молеше за мир во централната катедрала во Киев.

Пред мисата, претседателот Петро Порошенко имаше телевивизиско обраќање до нацијата во кое ги повика Украинците да се молат за војниците кои се борат со проруските сепаратисти во близина на границата со Русија.

На 7-ми јануари, Божиќ го прославуваат православните христијани во Русија, Украина, Грузија, Македонија, Молдавија, Црна Гора и Србија. Празник е и во Сирија, Бугарија, Грција, Романија, Албанија, Кипар, Финска и за православните христијани во Америка.