Организацијата Оксфам предупредува дека „глобална олигархија“ ја води светската економија

  • Хенри Риџвел

Your browser doesn’t support HTML5

Добротворната организација Оксфам вели дека „глобална олигархија“ на супербогатите врши контрола врз глобалната економија. Организацијата ги обвинува за влошување на проблемите како екстремната нееднаквост и климатските промени. Известува Хенри Риџвел.

Генералното собрание на Обединетите нации има за цел да обезбеди еднаква платформа за лидерите да разговараат за најитните светски прашања - како сиромаштијата и климатските промени.

Но, во новиот извештај на добротворната организација Оксфам се вели дека годишниот состанок е засенет од како што велат „глобална олигархија“ - контролирана од ултра богатите и мега корпорации.

„Тие ги прават правилата во нивна корист. И тие го прават тоа на сметка на обичните луѓе. А тоа за возврат ја поттикнува нееднаквоста во и меѓу земјите“, вели Набил Амед од Оксфам Америка.

Оксфам вели дека живееме во време на екстремна глобална нееднаквост – каде што најбогатите 1% во светот поседуваат повеќе богатство од 95% од остатокот од човештвото.

„Живееме во свет во кој мега-корпорациите, толку многу од нив плаќаат малку или воопшто не плаќаат данок“, додава Ахмед.

Бразил – кој моментално претседава со Г20 – сака да наметне минимален данок од 2 отсто за најбогатите милијардери во светот, за кој тврди дека ќе собере до 250 милијарди долари – потег поддржан од Оксфам и многу други невладини организации.

Планот е поддржан од други членки, вклучувајќи ги Јужна Африка, Шпанија и Франција. Но, шефицата на Одделот за финансии на САД Џенет Јелен зборуваше против потегот на состанокот на Г-20 во јули.

„Даночната политика е многу тешко да се координира на глобално ниво, и ние не гледаме потреба или мислиме дека е пожелно да се обидеме да преговараме за глобален договор за тоа. Сметаме дека сите земји треба да се погрижат нивниот даночен систем да биде фер и прогресивен“, истакна Јелен.

Оксфам вели дека даночните приходи на глобалниот југ во меѓувреме сѐ повеќе се трошат за сервисирање на долгот кон приватните доверители како банките и хеџ фондовите.

Добротворната организација, исто така, ги обвинува големите фармацевтски компании дека ги обликуваат правилата за правата на интелектуална сопственост во корист на нивните акционери. „Оксфам“ вели дека ова значело дека посиромашните нации се бореле да пристапат до вакцините за коронавирус, иако милијарди од владините средства оделе за нивно развивање.

„Тоа се парите што ги вложуваме во нашите даночни системи за да ни овозможат да стигнеме таму. Всушност, децениските (јавни) инвестиции на прво место беа наменети за добивање ковид вакцина“, додава Ахмед.

Во одговор за Гласот на Америка, Фајзер вели дека компанијата ја понудила својата вакцина против коронавирусот бесплатно на посиромашните нации, но дека многу побогати земји реагирале побрзо зa да ги купат достапните дози.

Претседателот на Фајзер, исто така, предупреди дека губењето на правата на интелектуална сопственост ќе го обесхрабри секој друг да преземе голем финансиски ризик во развојот на такви вакцини – став што го повторуваат другите големи фармацевтски гиганти.