Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, важи за подржувач на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, кој се кандира за уште еден претседателски мандат. Тој јавно веќе ја подржа неговата кампања. На прашањето какво влијание очекува да има евентуалната победа на Трамп, врз Европа и врз војната во Украина, тој од Охрид рече дека уште во 2015-2016 година го подржувале Трамп од повеќе причини, без намера да се мешаат во американските избори. Вели Трамп е за мир во светот и оти таков претседател бил потребен.
„Гледам дека доколку однадвор не добиваме нови ликови и нови импулси, тогаш овие актуелни демократски политичари и старо-модни интелектуалци, нема да можат да се справат со предизвиците и затоа и ние мораме да добиеме свежа крв. Доколку во светската политика доаѓаат нови ликови кои се динамични, кои можат да донесат нешто ново, тогаш тоа треба да го подржуваме. САД имаат клучна улога во однос на светскиот мир. Доколку Америка има претседател кој сака војна, тогаш ќе имаме војна, кога во Америка имаме претседател, кој е против војна, тогаш нема да имаме војна. Ако имаме силен претседател во Америка, тогаш ќе има мир, ако имаме слаб претседател ќе имаме војна. Нашето искуство е дека сегашниот кандидат за претседател Трамп, веќе бил претседател и веќе знаеме како функционира неговото претседателство. Тој е на страна на мирот и бидејќи на нас ни треба мир, ние би сакале на чело на САД да застане претседател кој се залага за мир“, рече Орбан.