ОН: Катастрофални последици од ескалацијата на борбите во Газа

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш силно ја критикуваше „невидената“ ескалација на бомбардирањето на Газа и повика на итен прекин на огнот.

„Наместо пауза што ја очекувавме, дојде до невидена ескалација на бомбардирањето и неговите разорни последици, кои ги поткопуваат хуманитарните цели“, рече Гутереш за време на неговата посета на Доха.

Хамас подготвен да ослободи 8 заробеници на барање на Москва

Хамас соопшти дека ги бара осумте лица кои ги зеле како заложници во Газа и дека е подготвен да ги ослободи по барањето на Русија да го стори тоа.

Официјалниот претставник на Хамас, Абу Марзук, за руската државна новинска агенција РИА изјави дека Министерството за надворешни работи доставило список со осум имиња, од кои сите имаат двојно државјанство.

„Ние сме многу внимателни во врска со оваа листа и внимателно ќе се справиме со неа бидејќи ја гледаме Русија како наш најблизок пријател“, рече Марзук.

„Сега ги бараме овие луѓе. Тешко е, но бараме. И штом ги најдеме ќе ги ослободиме и покрај тешкотиите поради моменталната состојба“, посочи тој.

Марзук деновиве беше во Москва.

Русија во петокот ја бранеше својата одлука да покани делегација на Хамас во Москва поради остри критики од Израел, велејќи дека е неопходно да се одржуваат контакти со сите страни во конфликтот.

Страшни бројки од конфликтот Израел - Хамас

Израелци

Палестинци

Убиени

1400

7,703

Повредени

5,431

18,967

Раселени

250.000

1,4 милиони

Заложници

229

Ослободени заложници

4

Камиони помош

84

Уништени единици

27,781