Округот Нортхемптон, Пенсилванија, често беше во сржта на индустриските револуции на САД - и политичките еволуции. Градот Истон беше едно од трите места каде Декларацијата за независност првпат беше прочитана пред јавноста.
Бетлахем, некогаш синоним за индустриска моќ, сега туристичка дестинација, со настани како што е Музикфест, привлекува повеќе од еден милион посетители годинава.
Тоа е многу повозбудлива мелодија за градот и неговите гласачи кои го следат блузот од пред две децении, кога поранешниот индустриски титан Бетлахем Стил беше распуштен и продаден.
„Кина сега се занимава со челик, и тие сакаат да знаат, што ќе направат овие кандидати за да ги вратат тие работни места или да ја обноват Америка?“, вели Семјуел Чен, републикански стратег.
Округот Нортхемптон има неверојатна способност да ги избере победниците на претседателските избори, откако ги избра сите освен тројца по 1920 година.
„Тоа што го прави магично е неговата способност да предвиди што се случува во државата и на национално ниво, е неговата мешавина“, вели Кристофер Борик од колеџот Муленберг.
А во таа мешавина се земјоделци, преиградски жители, нови жители од Њујорк и Филаделфија и растечка шпанска популација.
„Тврдокорните републиканци и тврдокорните демократи, тие се еднакви кога ќе се пребројат – демократите имаат малку предност – тој мал процент луѓе кои се би го гласале понаку ќе одлучат на изборите“, додава стратегот Чен.
И затоа ова е познато како одлучувачки округ во САД - каде што сè уште има значителен процент на гласачи кои го делат својот глас меѓу партиите и им даваат приоритет на прашањата отколку на личностите.
„Да се биде претседател е работа. Повеќе се грижиме за тоа: „Дали работата ќе се заврши?“, вели Рејчел Лоуел, жителка во Нортхемптон. Таа е млада мајка, загрижена за правата на жените и политиките за животна средина.
Мик О'Херн гледа дека мнозинството од округот ги поддржува демократите за втори последователни претседателски избори.
„Од разговор со луѓе за кои знам дека гласаа за Трамп на последните избори, тие нема да гласаат за него овој пат зашто велат дека некако се уморни од тоа“, вели О'Херн.
Кандидатката од Демократската партија Камала Харис нема да го добие гласот на Вејн Џонс бидејќи, како што вели, поранешниот претседател Доналд Трамп е построг во запирање на илегалната миграција.
„Ако сега треба да изберам, лесно – Трамп. Да ги пуштите сите овие луѓе да ја преминат границата?, вели Џонс.
Гласачите во округот сериозно ја сфаќаат својата клучна улога во изборот на претседатели, но според професорот Борик тој благослов и не е толку добар.
„Живеам во округот Нортхемптон – пораките кои ги добивам или кога го вклучувам телевизорот, има многу реклами. Убаво е да се биде посакуван, но понекогаш вниманието може да биде огромно“, додава Борик.
Со тоа што вниманието е свртено кон округот Нортхемптон како политички бранител на нацијата, кампањите и на Трамп и Харис ќе продолжи да се присутни овде до денот на изборите.