Расположението на граѓаните пред гласањето во недела

Your browser doesn’t support HTML5

Многу луѓе на различни начини се обидуваат да дојдат до гола егзистенција. Тоа го регистрираше и камерата на Гласот на Америка во струшката чаршија. Оваа слика е се’ поприсутна низ улиците во поголемите градови низ државата. Последното истражување на Заводот за статистика покажува дека повеќе од 444 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштија во Македонија. Ги прашавме охриѓани и стружани дали ветувањата на политичарите на овие избори се реално остварливи.