ОХРИД —
Американскиот џез бенд „Фор плеј“ го отвори фестивалот со светско реноме во Античкиот театар во средата навечер, почестен со присуството на Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
„Нема подобар начин за почеток ... освен преку џезот, чие второ име е слобода“, рече Иванов.
На отворањето беше и амбасадорот на САД, Џес Бејли во друштво на евро-амбасадорот, Самуел Жбогар.
За време на 40-те фествалски денови ќе има 57 настани; од кои 33 концерти, две балетски претстави, изложби и филм за охридскиот бисер.