Охридско лето, најавена богата музичка и драмска програма

Your browser doesn’t support HTML5

Охрид и годинава 40 дена ќе пулсира во духот на фестивалот. Фестивалот Охридско лето почнува на 12 јули, а завршува на 20 август. Ќе настапат повеќе од 500 уметници од 24 држави од целиот свет. Деталите ги има дописникот од Охрид на Гласот на Америка на македонски јазик Мики Трајковски.

Во предворјето на црквата Света Софија во Охрид ќе се одржат дел од настаните на годинешното 64 издание на фестивалот Охридско лето. На Античкиот театар и годинава повторно ќе биде отварањето на фестивалот со настапот на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин.