Американската секретарка за трговија, Џина Раимондо, на својот кинески колега за време на состанокот во Пекинг му рече дека администрацијата на Бајден бара здрава конкуренција со Кина и дека „растечката кинеска економија која игра според правилата е во наши интереси“.
Раимондо на кинескиот министер за трговија Ванг Вентао му кажала дека е важно САД и Кина да имаат „стабилни економски односи“.
„Во прашањата за националната безбедност, нема простор за компромис“, но поголемиот дел од американско-кинеската трговија „не вклучува грижи за националната безбедност“, рече Раимондо. „Посветена сум на промовирање на трговијата и инвестициите во оние области кои се во наш заеднички најдобар интерес.
Ванг рече дека Кина е подготвена да работи со САД за „поттикнување на поповолна политичка средина за посилна соработка меѓу нашите бизниси за зајакнување на билатералната трговија и инвестиции на стабилен и предвидлив начин“.
Ванг рече дека економските односи меѓу САД и Кина се важни не само за двете земји, туку и за светот.
Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес, Франс - прес и Ројтерс.