Американскиот оддел за енергија и неколку други федерални агенции биле хакирани од страна на руска сајбер банда за изнуда, соопштија официјални лица за безбедност на САД.
Од одделот за домашна безбедност во четвртокот рекоа дека агенциите биле фатени во хакирањето на „MOVEit Transfer“, програма наменета за пренос на датотеки која е популарна кај владите и корпорациите.
Одделот за енергетика соопшти дека два од неговите субјекти биле „компромитирани“ во хакирањето.
Групата за изнудување „CI0p“, поврзана со Русија, која ја презеде одговорноста за хакирањето, минатата недела на темната мрежа објави дека нејзините жртви имаат рок до среда да преговараат за откуп или да ризикуваат да бидат споделени чувствителни информации на интернет. Додаваат дека ќе ги избришат сите податоци украдени од владите, градовите и полициските оддели.
Директорката на Агенцијата за сајбер-безбедност и безбедносна структура, Џен Истерли рече дека иако упадот бил
Џен Истерли, директорка на Агенцијата за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата, рече дека иако упадот бил „главно опортунистички“ кој бил површен и брзо фатен, нејзината агенција била „многу загрижена за оваа кампања и итно работи на неа“.
Ројтерс известува дека британската нафтена компанија Шел, Универзитетот во Џорџија, Универзитетот Џон Хопкинс и здравствениот систем Џон Хопкинс биле исто така меѓу целните во хакерската кампања. Асошиејтед прес цитираше висок функционер на Агенцијата за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата дека американската војска и разузнавачките агенции не биле погодени.
Од „MOVEit“ велат дека работат со федералните агенции и другите нивни клиенти за да им помогнат во поправањето на нивните системи.
Информациите за овој извештај се обезбедени од Асошиетед прес и Ројтерс.