Одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев

Your browser doesn’t support HTML5

Со положување на цвеќиња и венци пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ денес се одбележа 121 година од смртта на Гоце Делчев. Државни и партиски делегации како и граѓани се поклонија пред гробот на великанот.

Со положување на цвеќиња и венци пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ денес се одбележа 121 година од смртта на Гоце Делчев, апостолот на револуционерната борба за слободна и независна Македонија. Државни и партиски делегации како и граѓани се поклонија пред гробот на великанот. Свежо цвеќе положи актуелниот претседател Стево Пендаровски, и неговата противкандидатка во вториот круг на претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова.

Во Собранието, традиционално беа врачени државните награди „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката. Оваа година беа доделени две награди а ги добија проф. д-р Иван Додовски и на проф.д-р Роберт Хадсон, за научниот зборник „ Долгата транзиција на Македонија , од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ и на д-р Ана Мартоноска и на м-р Жарко Ивановски, за монографијата „ Тажачки песни од скопскиот земјотрес 1963, од архивските материјали на Васил Хаџиманов“.