Светот низ фотографии

Шпанската принцеза Леонор положи заклетва на уставот на нејзиниот 18-ти роденден заедно со нејзините родители шпанскиот крал Фелипе, кралицата Летиција во парламентот во Мадрид.

„Крвави“ раце позади американскиот државен секретар Антони Блинкен за време на сослушувањето на Комитетот за доделување средства за дополнително финансирање за национална безбедност од 106 милијарди долари за поддршка на Израел и Украина, како и зајакнување на граничната безбедност.

Палестинците бараат преживеани по израелскиот воздушен напад во бегалскиот камп Нусеират, Појасот Газа.

Луѓето веслаат чамец низ улиците по обилните дождови во центарот на градот Њури, Северна Ирска.

Пожар во Агуанга, Калифорнија, 30 октомври 2023 година.

Вработена во шведскиот природонаучен музеј држи примерокот на тилацин, познат и како Тасмански тигар.

Водопадите Игуазу преплавени од вода (30 октомври 2023 година).

Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден во Белата куќа за Ноќта на вештерките, 30 октомври 2023 година.

Дедо Мразовци пред божиќната сезона во Рио де Жанеиро, Бразил.

Светскиот куп во крикет за мажи во Едем Гарденс во Калкута, Индија.

1 ноември, 2023 година