Владата, на својата интернет страница, ги објави нето-платите на премиерот и на министрите. Очекувано, највисока плата има Христијан Мицкоски која изнесува 140 450 денари или нешто над 2 200 евра. По него следува министерот за внатрешни работи кој добива речиси иста плата како и премиерот 140 405 денари или нешто повеќе од 2 200 евра. Тошковски зема таква плата зашто добива 20 процентизголемување поради извршување на функцијата.
Сите останати министри и заменици-премиери добиваат плати од 115 540 денари или нешто помалку од 1900 евра. Овие плати се во согласност со ланското зголемување од дури 78 проценти. Просечната нето плата во земјата е 41 085 денари или околу 660 евра.