Денеска ЗНАМ ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, кој, како што истакна на вечерашната прес-конференција, освоил повеќе од 80.000 гласови.
„Се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок, којашто имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надоградиме со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново“, истакна Димитриевски.
Димитриевски упати и порака до неговиот противкандидат Стево Пендаровски, да се откаже од претседателската трка во вториот изборен круг.
„Откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во името на граѓаните“, рече Димитириевски.