Комичарот Џери Стилер од серијата Сајнфилд почина на 92 години

Познатиот комичар Џери Стилер почина на 92-годишна возраст.

Неговиот син, актерот Бен Стилер изјави дека починал рано во понеделникот од природна смрт.

Стилер стана познат во 60-тите години на минатиот век кога се здружи со сопругата Ен Меара во филмови, сценски продукции, реклами и телевизиски програми, вклучувајќи го и шоуто на „Ед Саливан“.

Познат беше по улогата наФренк Костанза во ТВ-серијата „Сејнфелд“ со која ја освои наградата Еми.