Обид за стабилизирање на односите САД-Кина пред средбата на Бајден со Шји

Американската секретарка за финансии Џенет Јелен денеска ги започна дводневните разговори со кинескиот вицепремиер Хе Лајфнг, во обид да се стабилизираат тензиите со Пекинг и да го одржат отворен дијалогот за низа прашања од климатските промени до трговијата и одбраната.

По состаноците на Јелен во четврток и петок, претседателите Џо Бајден и Шји Џјинпинг се очекува да се сретнат следната недела на маргините на форумот на Азиско-пацифичката економска соработка, или АПЕК, во Сан Франциско.

Аналитичарите велат дека средбата на Јелен со Хе е последниот обид да се осигура дека Кина нема да се повлече од претстојната средба меѓу двајцата шефови на држави. Јелен претходно ја нагласи врската заснована на „здрава конкуренција“ наместо на меѓусебен презир.

Одржувањето на линиите на комуникација е начинот на кој Јелен досега напредуваше во својата дипломатија и спречуваше недоразбирања за надворешната политика на САД. Во јули таа го посети Пекинг кога се сретне со Хе.

„Оваа недела, ќе разговарам со мојот колега за нашата сериозна загриженост за нефер економските практики на Пекинг, вклучувајќи ја неговата голема употреба на непазарни механизми, бариери за пристап до пазарот и принудни дејствија против американските фирми во Кина“, изјави Јелен за Вашингтон пост во понеделникот.

Во тој текст, Јелен исто така нагласи дека глобалните проблеми, вклучително и климатските промени и олеснувањето на долгот за земјите во развој, може да обезбедат можности за билатерална соработка.

Некои информации за овој извештај се обезбедени од Ројтерс.