Обама и Камерон велат нивните држави нема да бидат заплашени

Написот објавен во коавторство, во весникот Лондонски Тајмс излезе додека лидерите се во Британија за самитот на НАТО.

Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон велат дека нивните држави нема да бидат заплашени од „варварски убијци“, откако милитанти на Исламската држава убија двајца американски новинари.

Лидерите се ко-автори на објавено мислење во весникот Лондонски Тајмс додека официјални лица на НАТО земаат учество на самитот во Британија.

Обама повика на меѓународна акција за спротивставување на милитантите на Исламската држава кои ја презедоа контролата на голема територија во источна Сирија и северен и западен Ирак.

Групата објави видео снимки на обезглавување на американските новинари Џелмс Фоли и Стивен Сотлоф, велејќи дека нивното убиство било одмазда за американските воздуѓни напади во Ирак чија цел била Исламската држава.

Обама планира да биде домаќин на заседанието на Советот за безбедност на ОН подоцна месецов каде ќе се зборува за заканата што ја претставуваат странските борци како оние кои патуваат да им се придружат на терористички групи во Ирак и Сирија.