Рејтингот на Обама паднал осум проценти во текот на изминатиот месец, на 45 проценти, најнизок за последните година ипол, вели ЦНН.
Контроверзите земаат данок на популарноста на американскиот претседател Барак Обама меѓу Американците, според ново истражување на јавно мислење објавено од ЦНН.
Податоците покажуваат дека рејтингот на Обама паднал осум проценти во текот на изминатиот месец, на 45 проценти. ЦНН вели дека ова е најнизок рејтинг на Обама за последните година ипол.
Истражувањето уследи по откривањето на владиното шпионирање на Американците, нефер третманот на конзервативни групи од страна на даночната агенција, владиното прислушкување на телефоните на новинари и прашањата за начинот на кој администрацијата се справи со нападот на дипломатското претставништво во Либија.
Анкетирани биле над илјада Американци, по телефон, меѓу 11-ти и13-ти јуни.
Други анкети покажуваат мешани резултати за Обама. Галуп и Расмусен покажуваат дека повеќе гласачи не ја одобруваат отколку што ја одобруваат работата на претседателот, додека Тајм магазинот најде дека повеќето ја одобруваат отколку неодобруваат неговата работа.