Анализа на обраќањето на претседателот за состојбата на нацијата

Обама вели дека критикувањето на неговите стратегии ја покажуваат американската сила

Претседателот Барак Обама го заврши синоќешното годишно обраќање до нацијата со тоа дека САД се силни, потенцирајќи дека нацијата стои исправена пред светот, посилна од кога и да е порано.

„САД се најмоќната земја на планетата Земја. Точка“, рече Обама.

Тој ги подвлече воздушните напади под американско водство против цели на Исламската држава во Сирија и Ирак, улогата што САД ја имаа во постигнувањето на договорот за иранската нуклеарна програма, американските воени операции во кои се убиени лидери на Ал Каида и американските напори да се спречување ширењето на еболата.

Но критичарите на стратегиите на претседателот го обвинуваат за политиката кон Блискиот Исток каде тој ги одбива повиците да испрати копнени трупи во борбата против Исламската држава и се потпира на локални и меѓународни партнерства. Критиката е категорична дека под водство на Обама, САД ја намалиле својата улога на глобално ниво.

Погрешно толкување на заканите

Мајкл Преџент, поранешен разузнавачки советник на генералот Дејвид Патреус, рече дека кога станува збор за надворешната политика, обраќањето на претседателот „нема допирни точки со реалноста“

„ Луѓето веќе не се обраќаат кон САД. Всушност, се обраќаат кон Пекинг, Русија“ вели Преџент. „Очигледно тој не разбира дека американската политика на пасивност кон Блискиот Исток всушност резултира во продолжување на војните и проширување на некои од нив, како во Ирак и Сирија.“

Обама се обрати во Конгресот откако десет членови на екипажот на американската морнарица беа приведени од страна на Иран. Преџент смета дека Обама не ја искористил можноста да спомне за ситуацијата.

„Мислам дека ова е прво обраќања до нацијата кога нашиот претседател се соочува со кризна ситуација која воопшто не беше спомната за време на обраќањето за да им покаже на Американците дека нивниот врховен командант всушност прави нешто во врска со тоа“ вели тој.

Републиканските претседателски кандидати Тед Круз и Бен Карсон се приклучија кон критиките за претседателот околу неспомнувањето на ситуацијата во неговиот говор.

„Нема портеба од бурна реакција“

Лорензо Видино, директор на програмата за екстремизам во Центарот за кибернетска и домашна безбедност при Универзитетот Џорџ Вашингтон, вели дека карактеризацијата на Обама за Исламската држава јасно става до знаење дека тој ја разбира заканата без да претерува во тоа.

„Дека не треба бурно да реагираме, исто така важи и за меѓународните односи, дека не мора да се впуштаме во акции во кои гинат Американци и трошиме пари, но исто така и на домашен план, да не се реагира бурно за поделбата и расистичката реторика што сме ја виделе во некои кругови“ вели Видино.

Тој исто така го минимизираше значењето на неспомнувањето на членовите на морнарицата кои биле заробени во Иран, повикувајќи на оптимизам од официјалните лица на администрацијата во врска со ситуацијата која потенцијално има брзо решение.

„Сега навистина ќе видиме дали ќе има случај или навистина ќе биде само мал инцидент, кој е непотребно да се доведува до степен да треба да се спомнува за време на обраќањето за состојбата на нацијата.“

Обама влегува во последната година од неговото претседалствување кое започна во 2009 година и има промовирано значајни политички иницијативи, популарни кај Демократската партија и остро критикувани од опозицијата.

Аналитичарот Мет Гамон од Вилсон вели дека Обама во моментов не е толку популарен што ја отежнува можноста да си земе заслуга за неговата работа околу законите за здравствена заштита кои предизвикаа двопартиска поделеност.

„Една од работите за кои јас навистина сакав да слушнам повеќе од него е да им се приближи на републиканците“ вели Гамон. „Многу е лесно да зборуваш за двопартиска игра, тој сака повеќе пари за здравствена заштита, сака повеќе пари за социјално осигурување, за бесплатно образование, но, не слушнав што направи за републиканците. И не слушнав да им се обрати на републиканците околу проблемите за кои тие сакаат да слушнат од него.“

Оптимизмот на Обама

Претседателската кампања на Обама во 2008 година имаше слогани како „Промена во која можеме да веруваме“ што сигнализираше позитивна и инклузивна понуда за обединување на земјата. Неговиот говор на моменти беше навраќање на тие идеи.

„Тоа е Америка што јас ја знам“ рече тој во заклучокот на обраќањето. „Тоа е земјата што ја сакаме. Со јасен видик. Големо срце. Бестрашна од предизвик. Оптимист сум дека необременетата вистина и безусловна љубов ќе го имаат последниот збор.“

Елизабет Сена, потпретседателка на Гринберг Квинлан Роснер агенцијата за истражување, вели дека претседателот се обидувал да „го отвори патот за иднината“ и неговата визија за земјата.

„Една од работите што ги видовме со Обама во 2007 и 2008 година е неговиот слоган „Да, можеме“, тој беше оптимист и тогаш. Посакуваше посветла иднина, нова визија и мислам дека видовме дека заврши со истата порака“ вели Сена. „ Мислам дека тој во срцето е се' уште оптимист и навистина верува дека Америка може да биде подобра и дека можеме да продолжиме да се развиваме како нација.“