Соработници на претседателот велат дека тоа може да се случи уште наредната недела.
Американскиот претседател Барак Обама е се` поблиску до одлуката дали да ги ограничи обемните шпионски програми на Националната агенција за безбедност (НСА).
Тој денес се среќава со клучните конгресни водачи, кои вршат контрола на американското разузнавање, и законодавците, кои имаа остри критики за обемот на шпионските програми. Средбите во Белата куќа се дел од серијата состаноци што Обама неделава ги одржува на оваа тема, меѓу кои и вчерашната средба со главните разузнавачки лица.
Соработници на Обама наведуваат дека тој наскоро би можел да најави промени во шпионските програми, можеби уште наредната недела.
Претседателот има кажано дека сака да постигне рамнотежа во програмите. Главните разузнавачки лица, пак, тврдат дека тие се неопходни за спречување на терористички напади, додека други велат дека шпионирањето претставува нарушување на приватноста.