Претседателот Барак Обама ги усвои реформите на системот на федералниот затвор кои вклучуваат забрана на самица за малолетни затвореници како и ограничена употреба, кога има можност, и за возрасни затвореници.
Во рубриката мислења во весникот „Вашингтон пост“ од понеделникот, Обама вели во САД има околу 100.000 затвореници во самица и таа практика води до потенцијални „катастрофални, трајни, психолошки последици“.
„САД е нација на втора шанса, но, искуството во самица многу често ја поткопува таа втора шанса“ вели тој. „Оние кои ќе успеат да излезат од затвор обично имаат проблем со задржување на работата, поврзување со семејството и имаат проблем да се бидат продуктивни членови од општеството“, изјави Обама.
Во федералните затвори има речиси 200.000 затвореници. Обама вели дека укинувањето на самиците за малолетници и оние кои не направиле голем прекршок додека се` во затвор, ќе влијае врз 10.000 луѓе.
Малкумина од оние кои се засегнати всушност се малолетници според податоците од Бирото за затвореници, на чија листа има само 26 затвореници на возраст под 18 години.
Претседателот ги усвои препораките од извештајот на Одделот за правда, подготвен откако тој издаде наредба да се ревидира ставањето во самица, во јули.
„Има ситуации кога офицерите во поправно - казнените установи немаат друг избор освен да ги изолираат затворениците од општата популација, обично кога тоа е единствениот начин да се осигура безбедноста на осудените лица, вработените и јавноста“ се вели во извештајот. „ Но, цврсто сме убедени дека оваа практика треба да се користи многу ретко, да се применува правично, и да е подложна на разумни ограничувања“.
Тој повикува затворениците да се чуваат во „не многу ограничен амбиент“ за да се осигура безбедност, развој на јасен план за нивно враќање во реалниот свет во помалку ограничени услови и вработени кои се обучени да ја објаснат причината зошто затвореник се става во самица.
Извештајот , исто така, повикува на драстично намалување на времетраењето на домашен затвор, вклучувајќи и намалување на максималната казна за сериозен прекршок направен за прв пат, од една година на два месеца.
Обама го повикува Конгресот да го изгласа законот за реформа на системот за кривично право и да го направат да биде „поправеден, поевтин и поефикасен“.
Тој напиша дека има 2,2 милиони луѓе во државните и локални затвори кои чинат 80 милијарди долари и дека многумина се во затвор, многу подолго отколку што има потреба.
„Ние веруваме дека кога луѓето грешат, заслужуваат да добијат можност да ги обноват своите животи“ рече Обама за Американците.