Обама навреден по обвинувањата на републиканците

Препукување по објавени документи за тајни безбедносни операции на САД.
Американскиот претседател Барак Обама одговори на наводите од страна на републиканците дека актуелната администрација намерно дозволила да се обелоденат информации за тајни активности за интензивирање на кампањата за негов реизбор на функцјата.

На прес-конференција во Белата куќа, претседателот Обама идејата неговата администрација намерно да објави информација што е тајна ја нарече навредлива.

Американските законодавци неделава остро ги критикуваа неодамнешните информации доставени до медиумите во врска со тајни разузнавачки операции на САД. Во нив се вклучени извештаи за американски напори за спречување на иранската нуклеарна програма преку кибернетски напади и детали за наводното убиство на лидерите на Ал Каида. Некои републиканци сугерираа и дека протекувањето на информациите се обид за интензивирање на камапањата за реизбор на претседателот на функцијата.

Обама подвлече дека има „нула толеранција“ за обелоденување на чувствителни информации, како и тоа дека владата ќе спроведе темелни истраги за вакви инциденти случени во минатото.