Обама и Путин се согласиле за транзиција во Сирија

Двајцата лидери се сретнале на маргините на економскиот самит на Г-20 во Турција

САД велат дека американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин во неделата се согласиле за потребата од политичка транзиција предводена од Сирија, преговори со посредство на ОН и примирје за ставање крај на четиригодишната војна во Блискиот исток.

Двајцата лидери имале 35-минутна средба во Анталија, Турција, на маргините на самитот на Г-20, што Белата куќа го нарече „конструктивен разговор“, за разлика од често антагонистиччките разговори што ги имале двајцата лидери.

Советникот за надворешни работи на Владимир Путин, Јури Ушаков, рече дека рускиот лидер имал „многу детален разговор“ со Обама.

Од Белата куќа изјавија дека Обама и Путин „забележуваат дипломатски напредок“ постигнат во последниве недели за време на разговорите во Виена.