Претседателот Обама промовира технологија за чиста енергија

На средбата на АПЕК во Манила, како пример за справување со климатските промени, ја спомена спогодбата со кинескиот лидер Џинпинг

Претседателот Барак Обама за време на овонеделниот Азиско-пацифички економски форум во Манила, промовира технологија за чиста енергија, со цел поттикнување на глобалниот растеж, како алтернатива на фосилните горива.

За време на самиот на АПЕК, Обама постави економска основа за поддршка на цврст глобален договор за време на престојната конференција за климатски промени на ОН, што ќе се одржи во Париз.

Тој истакна дека заедно со неговиот кинески колега, Ши Џинпинг дале добар пример за време на неодамнешната средба во Вашингтон.

„Фактот што јас и претседателот на Кина, постигнавме консезус како две земји – со најголема концентрација на штетни издувни гасови, испративме мошне цврста порака до другите земји, дека на ова не гледаме како предизвик, туку и како можност“, истакна претседателот Обама.

Американскиот лидер истакна дека климатските промени им се закануваат на економиите од 21 земја-членка на АПЕК, на кои отпаѓаат 60 проценти од глобалниот растеж и речиси половина од светската трговија.

Наспроти повикот на Обама за поголеми инвестиции за чиста енергија, рускиот премиер Дмитри Медведев постави подиректна основа за поголема продажба на нафта и гас во регионот.