Американскиот претседател Барак Обама заминува доцна во петок за Бразил, започнувајќи патување низ три држави на Јужна Америка, што ќе се фокусира на економски, безбедносни и енергетски прашања.
Претседателот и првата дама Мишел Обама се очекува да пристигнат во Бразилија во сабота.
Патувањето, што вклучува застанувања во Чиле и Ел Салвадор, ќе биде негова прва посета на Јужна и Централна Америка – регион на широк политички и економски диверзитет и со фокус на жестоко глобално натпреварување за инвестиции, извоз и влијание.
Претседателот патувањето го опиша како напор да се направат „нови алијанси“ низ државите на американскиот континент, а претставници од Белата куќа велат дека може да се очекуваат договори во секоја од неговите станици, како во областа на енегријата, така и за економски развој и безбедност.