Американскиот претседател Барак Обама во среда патува за Аризона да присуствува на меморијална служба за жртвите на саботниот оружен инцидент во кој шест лица загинаа и тешко беше ранета американска конгресменка.
Претседателот ќе зборува на Универзитетот во Аризона во Тусoн, каде се случи пукањето.
Дваесет и двегодишниот Џаред Лафнер е обвинет за изведување на нападот додека претставничката во Конгресот Габриел Гифордс имаше средба со избирачите пред супермаркет во Тусoн, Аризона.
Лафнер е обвинет по една основа за обид за атентат на член на Конгресот, по две основи за убиство на вратен во федерална влада и уште две за обид за убиство на федерален работник.
Доколку биде осуден тој може да добие доживотен затвор или смртна казна.
Во вторник, лекарот што ја третира Гифордс кажа дека е охрабрен со нејзината состојба по санирањето на раната во главата. Тој рече дека Гифордс дише самостојно, и продолжува да одговара на едноставни команди. Тој рече дека за опоравувањето ќе треба време, и дека лекарите продолжуваат да бидат оптимисти доколку ситуацијата не се влоши.