Обама сака да прифати 10.000 беглаци повеќе во 2017-та

Американскиот претседател постави цел за зголемување на квотата за 30 проценти, во споредба со годинава

Американскиот претседател Барак Обама постави цел да ја зголеми квотата за беглаци за 2017-та за 30 проценти во споредба со годинава, што значи дека на сегашната цифра ќе се додадат 10.000 бегалци кои ќе можат да влезат во државата наредната година.

Според објавите во медиумите, државниот секретар Џон Кери новата квота ја најавил на затворена седница во вторникот, со членови на комисиите за судство на Сенатот и на Претставничкиот дом.

Последен пат САД поставиле толку висока цел за време на претседателството на Бил Клинтон во 1995-та година, кога тој се согласи да прифати 112.000 бегалци.

Во 2015-та година, пак, САД одобрија само 70.000 бегалци.

Извештајот, до кој дошол „Политико“, се вели дека администрацијата на Обама сака да дозволи „значително повисок“ број на бегалци од Сирија наредната година, откако се исполни квотата за 2016-та од 10.000 бегалци, еден месец пред планираното.

Обама најверојатно официјално ќе го објави планот за бегалците, пред Самитот за бегалци на Генералното собрание на Обединетите нации, наредната недела.