НСА гради супер компјутер

Агенцијата троши близу 80 милиони долари на програма за за декодирање на секоја форма на шифрирање што е до сега позната.
Квантум компјутерите што можат да изведуваат голем број калкулации едновремено може да се поблиску до научната фантастика отколку до реалноста, но претходно необјавени документи индицираат дека тајната Агенција за национална безбедност (НСА) интензивно работи да изгради квантумски суперкомпјутер, доволно моќен да декодира практично секоја форма на шифрирање што е до сега позната.

Таков компјутер, многу пати побрз од денешните најбрзи машини, лесно може да провали шифри користени во светот од научни и финансиски институции и влади за заштита на нивната дата на податоци.

Основниот принцип на квантум компјутерството е физички феномен што се` уште не е сфатен:одредени суб-атомски честички симултано можат да постојат во две различни состојби. Конвенционалниот компјутер работи со „делови“ на информации кои се претставени или како нула или како еден: квантумските делови можат да бидат нула и еден во исто време.

Теоретски, оваа физичка апстракција ќе им дозволи на квантум компјутерите да прескокнат голем дел од математичките операции потребни за решавање на сложени клучеви за дешифрирање.

Документите што ги направи јавни поранешниот договорен работник на агенцијата Едвард Сноуден покажуваат дека агенцијата што пробива шифри троши близу 80 милиони долари за тајна истражувачка програма наречена „Пенетрирање во тврди цели.“