Националната агенција за безбедност на САД прибавила повеќе од 534 милиони телефонски разговори и пораки од Американците минатата година, што е трипати повеќе од собраните податоци во 2016-та година, се вели во новиот извештај на Канцеларијата на директорот за национално разузнавање.
Извештајот покажува драстично зголемување на следење на комуникациите, втора година откако е воведен новиот систем, по промена на легиславата во 2015-та година, со цел да се ограничи можноста на Националната агенција за безбедност да прибавува вакви податоци.
Зголемената бројка предизвика загриженост за потенцијално владино мешање во животот на американските граѓани.
Прибавените материјали вклучуваат телефонски броеви и времетраење на разговорот, како и времето на испраќање на пораката, но, не и содржина на комуникациите
Канцеларијата на директорот за национално разузнавање не ги објасни причините за големениот број снимени разговори, оставајќи ги збунети многу адвокати за заштита на приватноста.
„Разузнавачката заедница допрва треба да го објасни зголемениот број на ваквите податоци“, вели Робин Грин, адвокат за Институт за технолгија, со седиште во Вашингтон.
Портпаролот на Канцеларијата на директорот за национално разузнавање Тимоти Барет изјави дека „Владата не го променила начинот на кој го користи овластувањето да собира детали од прибавените разговори, туку само направила класификација кој и кога го направил разговорот“.
Барет нагласи дека постојот повеќе причини за зголемениот број податоци, вклучувајќи и судски налози за потенцијални субјекти на истрага.
Преку 129.000 странски државјани биле таргет во 2017-та година, што претставува зголемување за 45 проценти во изминативе пет години.